Доколку не го најдете одговорот на вашето прашање меѓу
одговорите на овие често поставувани прашања, контактирајте нè подолу и ние ќе ви одговориме во
најкраток можен рок.
За нашите нови корисници и почетниците во електронското купување изготвивме
упатства
за користење на нашиот сајт. Овие упатства ве носат чекор-по-чекор низ процесот на купување или
организирање
настан на нашиот сајт/апликација,
а ви даваат и корисни додатни информации како може најбрзо и најлесно да го
пронајдете она што го барате. Пристапете
овде за повеќе
информации.
Во моментот, доставата се врши во рок од 1-3 работни дена во повеќето населени места во државата. Во
селата
кои се оддалечени повеќе од 10км од градско подрачје, доставата може да земе и до 4 дена. Во Дебар,
Маврово
и Ростуше, доставата се врши само два дена во неделата (секој понеделник и четврток)
а пак во Крушево, Кривогаштани и Македонски Брод, доставата се врши еднаш неделно (секој петок).
Доставата до вашата адреса е бесплатна за нарачки над 1500 ден,
но доколку ја одберете опцијата подигнување на пакетот од една од нашите локации, подигнувањето
е бесплатно за нарачки над 500 ден. За нарачки под горе-наведените суми, доставата чини 79 ден
а пак подигнувањето чини 49ден.
Доколку сакате да вратите или замените производ од било која причина,
тоа може да го сторите следејќи ги инструкциите и условите наведени
во нашите Услови за користење. Пристапете
овде за повеќе
информации.