ЗАЗУ Ви овозможува брзо и лесно плаќање за сите нарачки направени на zazu.mk како и ЗАЗУ апликацијата за настани.
Плаќање со кредитна картичка
Најбрз и најлесен начин на плаќање е користењето на кредитна картичка. За да платите со кредитна картичка следете ги следните чекори:
Доколку се одлучите да купите еден или повеќе производи, додајте го секој во вашата кошничка.
Пристапете кон кошничката кога ќе завршите со избирањето на производите со кликнување на кошничката на десната страна на хедерот/горниот десен дел од екранот. Доколку не сте веќе регистрирани или најавени како корисници мора да се најавите пред да може да пристапите кон вашата кошничка.
Пополнете ги потребните информации за достава во делот на наплатата. Внесете го името и презимето, адресата на достава, телефонскиот број на лицето кое ќе ја прими порачката. Потоа кликнете Следно за да пристапите кон делот на плаќањето. Доколку имате вредносни ваучери или кодови за попуст, внесете ги истите во соодветни делови.
Плаќањето се врши потполно безбедно преку платниот портал на Халкбанк АД Скопје. Внесете ги информациите за вашата платежна картичка и комплетирајте ја трансакцијата. Напомена: ЗАЗУ нема никаков пристап до информациите за вашата платежна картичка бидејќи плаќањето се одвива на порталот на Халкбанк. Ние добивавме само потврда од банката дека вашата наплата е успешно завршена.
Со плаќањето нарачката е завршена и ќе добиете е-пошта со потврда и сметка за истата веднаш по нејзиното завршување.
Плаќање со уплата или трансфер на средства
За корисниците кои немаат или не користат кредитни картички за (онлајн) купување, нудиме и опција за купување со уплатница или преку електронски трнасфер на средства. Ве молиме следете ги следните чекори доколку сакате да платите на овој начин.
Трансферот на средставата направете го кон:
ИЗИ КОМЕРЦ ДОО
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270-0731484101-21
Под целна дознака внесете ја шифрата/шифрите на производите кои сакате да ги купите (на сајтот шифрата стои веднаш под цената на производот со назнаката SKU шифра) + начинот на достава (Погледнете подолу за подетелани информации во врска со опциите за достава)
ПРИМЕР ЗА ЦЕЛНА ДОЗНАКА: 1 х playdoh-cookies1 + 1 x barbie_dreamfairyrainbow1; dostava: podignuvanje od Cvekara Roze VERO 2
Доколку купувате подарок за листа на желби наместо информации за доставата ставете го името на настанот/прославата за кој го купувате подарокот.
ПРИМЕР: 1 х playdoh-cookies1 + 1 x barbie_dreamfairyrainbow1; настан: Славиме 5ти роденден на ТАМАРА
Уплатете ја вкупната цена на производите + цената на доставата (ако е тоа потребно)
Регистрирајте се како корисник на ЗАЗУ и пратете ни порака преку Контакт страната или на www.zazu.mk@gmail.com да нè информирате за направената нарачка
Ќе започнеме со процесирање и достава на нарачката веднаш по добивање на потврда дека средстава се стигнати на нашата сметка
Плаќање при достава:
Бидејќи сме нови и сеуште се докажуваме и градиме доверба кај корисниците, овозможуваме и трет начин на плаќање – плаќање при достава.
Со овој метод на плаќање ги уживате сите погодности од купувањето преку ЗАЗУ, но не може да собирате наградни поени (само регистрираните корисници
кои купуваат директно од сајтот може да собираат поени). Исто така, имате дополнителен трошок од 30 ден за наплатата при достава.
Следете ги следните чекори за да направите нарачка со плаќање при достава:
Направете ја нарачката преку е-маил (contact@zazu.mk), Facebook (@zazu.mkd), или Instagram (@zazu.mkd).
Ве молиме наведете го Вашето име, презиме, телефонски број, е-маил (за достава на фактурата) и производите за кои сте заинтересирани.
Ние ќе Ви потврдиме во рок од 1-2 часа колку ќе биде вкупната цена за наплата (цена на производи +цена на достава + 30 ден за наплатa) и кој ден ќе биде извршена доставата.
Фактурата за купените производи ќе Ви биде доставена електронски.
Информации за достава:
Доставата се врши преку брза пошта до вашиот дом, но може да изберете опција да го подигнете вашиот пакет од нашите локации за подигнување.