Политика на приватност

Заштитата на приватноста и личните податоци на нашите корисници е еден од клучните приоритети на Изи Комерц ДОО и нашата е-продавница ЗАЗУ. Затоа ги преземавме сите потребни превентивни мерки за да ја заштитиме комуникацијата помеѓу нашите корисници и нашата веб-страница, ги бараме и користиме само оние информации кои ни се неопходни за успешна достава на нашите производи и услуги до корисниците, и истите не ги споделуваме со ниту една странка на која тие податоци не ѝ се неопходни за достава на нашите производи и услуги.

Во продолжение ќе ви го претставиме начинот на кој ги собираме личните информации за сите корисници на нашата веб-страница и апликација и како тие информации ги чуваме и употребуваме. Со посета на нашата веб-страница, се согласувате дека користењето на оваа веб-страница се уредува со оваа политика на приватност.

1. Лични податоци која нашата компанија ги собира и начин на нивна употреба

Нашата веб-страница собира и чува лични податоци кои вие ги споделувате со нас за ваша идентификација како корисници при регистрација и купување на производи. Вообичаено, ова вклучува име и презиме, адреса на е-пошта (email), адреса на живеалиште за достава и телефонски број за комуникација. Ние исто така автоматски собираме податоци за вашата интернет врска со нашата веб-страница, која ни овозможува да ја подобриме доставата на нашата веб-страница до вас, како и да го мериме сообраќајот на нашата веб-страница.

Доколку користите услуги за организирање на настани од нашата апликација Организатор за настани, Вие со нас споделувате и лични податоци за Вашите малолетни деца, како на пример нивниот пол и возраст. Истите информации се заштитени, не се споделуваат со трети страни и се чуваат согласно позитивните важечки прописи.

Ако сте се приклучиле на нашата веб-страница преку некоја од социјалните мрежи како Фејсбук, ќе добиеме податоци кои се поврзани со вашиот профил на таа социјална мрежа. Овие информации исто така се чуваат согласно постоечката регулатива.

Ние имаме право да Ве контактираме само доколку имаме Ваше експлицитно одобрување: барање да Ве контактираме; зачленување во нашиот информатор; купување на наш производ; креирање на настан и листа на желби преку нашата апликација Организатор за настани; регистрација на нашата апликација како гостин на некој настан.

Кога оставате коментари или испраќате пораки, ве советуваме да бидете внимателни со давањето на личните податоци како што се Вашето име, презиме, адреса на живеење, град и држава, бидејќи доколку се објават заедно со препораката, коментарот или рецензијата, тие можат да бидат искористени од трета страна за да стапат во контакт со вас, без наше знаење, бидејќи така објавените податоци стануваат јавни податоци.

Пристап, отворање на корисничко име и купување преку нашата е-продавница или апликација можат да добијат/прават само полнолетни лица. Правото на пристап и користење на услугите на нашата компанија се лични и непреносливи на други лица или правни субјекти. Доколку купувањето го извршило лице кое немало полни 18 години, одговорноста лежи кај лицето кое му дало пристап и информации за електронското/интернет купување на малолетното лице.

2. Користење на надворешни бројачи на посети

Со цел да ја зголемиме транспарентноста и да подготвуваме анализи за свои потреби, користиме надворешен бројач на посети со посредство на компании од САД (Google Analytics), кои подлежат на тамошната законска регулатива. Комуникацијата со надворешните бројачи се остварува преку вметнат код на поединечни страници на нашата веб-страница. При вчитување на таа страница, кодот се активира и надворешниот бројач има пристап до следните податоци: IP адреса, оперативен систем, датум и време на пристапот, претходно посетени веб-страници доколку пристапот е направен преку линк од истите и посетени веб-страници од нашата веб-страница.

Информацијата за IP адресата сама по себе не е доволна да се открие идентитетот на некое лице, но може да послужи во корелација со други податоци од евиденцијата на интернет испорачувачите во истрага на кривични дела.

Сите горе-наведени податоци се користат исклучиво во агрегатна форма и исклучиво за потребите на подобрување на нашиот пристап до корисниците и подобрување на корисничкото искуство на нашата веб-страница.

3. Користење на колачиња

Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Со прифаќање на колaчињата, вие овозможувате мали текстуални датотеки со податоци од вашиот уред да се преснимаат на нашата веб страница. Нашата веб-страница ги користи овие податоци со цел да го следи преносот на нашите услуги до крајните корисници и да собира агрегатни информации за корисниците за статистички цели. Колачињата кои ние ги користиме не овозможуваат пристап до вашите лични податоци на други страни.

Доколку не сте согласни да користите колачиња, истите можете да ги оневозможите преку пребарувачот, но имајте предвид дека со ова ќе ги намалите перформансите и функционалностите кои ги добивате од нашата веб-страница, односно дека вашето искуство со нашата веб-страница ќе биде влошено.

4. Безбедност на комуникација

Нашата веб-страница е поставена на безбеден сервер на Amazon Web Services, а целата комуникација и размена на информации помеѓу нашата веб-страница и вашиот уред е енкриптирана / заштитена со највисокиот безбедносен сертификат, така-наречен Extended Validation SSL certificate.

Нашата веб-страница нема линкови до други веб-страници и Вашите податоци се заштитени од страна на нашата компанија. Ние не ги продаваме, изнајмуваме или споделуваме информациите собрани на нашата страница со трети страни освен ако тоа не е потребно за извршување на некоја услуга која вие сте ја побарале. Ние ќе ги дадеме Вашите информации на трети лица, како што се доставувачи, договорни странки –добавувачи, и трети лица кои се задолжени за ваша идентификација при предавање на пратката на местото кое сте го избрале за преземање на истата. Но овие странки се задолжени со договор да ги чуваат во тајност сите лични кориснички податоци споделени со нив од страна на Изи Комерц ДОО.

Ние не користиме надворешна компанија која ги обработува Вашите лични податоци.

Плаќањето на производите се пренасочува и обработува на порталот за платежни картички на ХАЛКБАНК А.Д. СКОПЈЕ. Оваа банка користи сигурносни сервери и енкрипција за обработка на вашите нарачки, а притоа не ги задржува, споделува, чува или користи вашите лични податоци за други цели. Изи Комерц ДОО нема никаков пристап до податоците за вашата кредитна картичка и од Халкбанк добива само потврда за успешно/неуспешно извршена трансакција.

5. Ослободување од одговорност

Секој корисник на оваа веб-страница и електронско купување се смета дека ги прифатил овие услови и истите имаат правна сила на склучен договор од двете страни. Секој краен корисник изрично се согласува дека користењето на оваа веб-страница е целосно негова одговорност.

Ние го задржуваме правото на откривање на Вашите лични податоци во случаи кога тоа се бара согласно закон или е потребно во судска постапка за заштита на интересите на нашата компанија и интересите на нашите корисници.

6. Промена на политиката за приватност

Оваа политика може да биде предмет на измени доколку во иднина еволуцијата на технологијата бара промени во регулативата и управувањето со податоци. Секоја промена во политиката ќе биде благовремено ажурирана на страната и пропратена со информации за датумот кога промените стапиле во сила. Со понатамошно користење на страната, вие се согласувате со ажурираната политика на приватност.

7. Контакт

Доколку имате специфични прашања за заштитата на приватност, а тие не се опфатени во нашата Политика за приватност, слободно контактирајте нè преку Контакт страната на нашата е-продавница или пак на адреса на е-пошта izikomerc1@gmail.com.

Чувањето и заштита на податоците добиени од Вас е во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Република Македонија бр.7/2005,103/2008, 124/2010 , 135/2011, 43/2014, 153/2015,99/2016 и 64/2018). Пречистен текст од Законот може да го преземете од веб-страницата на Дирекцијата за заштита на личните податоци (www.dzlp.mk).

Веб-страницата zazu.mk гарантира целосна безбедност на Вашите податоци.

Лице контролор за собирање и обработка на лични податоци е:
Невенка Ивановска
Димче Мирчев бр. 20/1-13 Скопје, Република Северна Македонија
izikomerc1@gmail.com

8. Надлежност во случај на спор

За сите спорови кои можат да произлезат од користењето на веб-страницата и електронската продавница zazu.mk надлежен е основниот суд Скопје 2 - Скопје.