Упатство за купување

Како да направите Зазу нарачка?

  1. Отворете ја страницата zazu.mk

  1. Доколку не сте сеуште Зазу корисник, регистрирајте се со кликнување на линкот кој се наоѓа во горниот десен дел на екранот и со внесување на релевантните податоци. Ако сте веќе корисник најавете се со вашата адреса на е-пошта и лозинка.

  1. Дали барате нешто конкретно? 

Употребете го пребарувачот на почетната страна прикажан како икона на лупа во горниот десен дел на екранот за да напишете каков производ точно барате и нашиот пребарувач ќе ви ги прикаже само тие производи кои се соодветни на вашето барање.

Алтернативно, прегледајте ги категориите на производи кои ве интересираат со тоа што ќе го ставите глувчето врз “Производи” на Главното мени и со тоа ќе видите преглед на сите категории на производи кои се достапни на нашата веб-страница.

На екранот има простор за прикажување на 16 производи, но доколку има повеќе производи кои се соодветни на вашето пребарување или одбрана категорија, ќе треба да кликнете на следната страна (под прикажаните производи со стрелка на десно ) за да видите повеќе. Во горниот дел на екранот имате можност да изберете колку производи би сакале да се појавуваат на една страна и може да одберете поголема цифра доколку тоа ви одговара.

  1. Немате конкретна идеја што барате, но купувате за дете од одредена возраст? Може да го почнете вашето пребарување преку копчињата Купувај за момче и Купувај за девојче на почетната страна. Кога ќе ви се појави првиот сет производи за одбраниот пол, може да ги искористите филтрите на левата страна од екранот да одберете соодветна возраст и да видите какви сè производи ви нудиме за момчиња или девојчиња од таа возраст. Останатите филтри ви овозможуваат да селектирате производи според цената, категоријата/видот на производот и брендот/производителот. 

  1. Погледнете краток или детален опис за секој производ кој ве интересира. Со опцијата ѕирни (икона во форма на око кога ќе го ставите глувчето врз сликата на одреден производ) имате можност да видите краткиот преглед на секој производ со краток опис и повеќе слики од истиот, а со кликнување на сликата на производот отворате нова страна со детален опис и подетален преглед на сите слики (и видео ако е тоа релевантно) за тој производ.

  1. Доколку се одлучите да купите еден или повеќе производи, додајте го секој во вашата кошничка. Додавањето се врши со кликнување на копчето со исто име. Производ можете да додатенте во кошничка и без да ја отворите страницата на тој производ со кликнување на копчето со назнака “+” кое се појавува кога со глувчето ќе пројдете врз сликата на производот на било која страна. 

  2. Пристапете кон кошничката кога ќе завршите со купувањето. Кликнете на кошничката на десната страна на хедерот/горниот десен дел од екранот. 

  1. Пополнете ги вашите информации за достава во делот на наплатата. Внесете го името и презимето, адресата на достава, телефонскиот број на лицето кое ќе ја прими порачката. Потоа кликнете Следно за да пристапите кон делот на плаќањето. 
    Доколку имате вредносни ваучери или кодови за попуст, внесете ги истите во соодветни делови. 

  2. Плаќањето се врши потполно безбедно преку платниот портал на Халкбанк АД Скопје. Внесете ги информациите за вашата платежна картичка и комплетирајте ја трансакцијата.

  1. Со плаќањето нарачката е завршена и ќе добиете е-пошта со потврда и сметка за истата веднаш по нејзиното завршување.

Ви благодариме на довербата и среќно купување со Зазу!