Какви интересни средби можат да се случат на бензиската пумпа? Со помош на овој Слубан сет од коцки можете да изградите бензиска пумпа, автомобил кој застанува во неа и две мини фигури на возач и вработен со кои можете да одиграте различни интересни сценарија. Овој сет се состои од 163 коцки направени од високо-квалитетни материјали кои се CE, ROHS and ISO 9001:2008 сертифицирани. Сетот е одличен додаток на поголеми сетови од колекциите Град или Девојчиња од соништата. Со него добивате и детални чекор-по-чекор инструкции за градење во боја. Препорачана возраст: 6+ години.
Холандската компанија Слубан произведува коцки за градење кои се компатибилни со оние на водечките производители но имаат значително подостапни цени. Нивниот асортиман вклучува различни теми привлечни за девојчиња, момчиња а и за возрасните љубители на коцките за градење. Асортиманот во нашата е-продавница вклучува производи од колекциите Авијација, Војска, Детска Колекција, Девојчиња од соништата, Градежништво, Град, Полиција и Пожарникари.
Најави се
Креирај Профил