Услови за користење

Со пристапот на страницата zazu.mk и со купувањето на нашите производи, автоматски се согласувате со Условите за користење оваа електронска продавница. Секоја промена на овие услови за користење ќе биде објавена zazu.mk од моментот на нејзината важност и со понатамошно користење на електронската продавница вие автоматски се согласувате со оваа промена.

Авторски права


Изи Комерц ДОО увоз-извоз Скопје (во продолжение Изи Комерц) е сопственик на авторските права на сите содржини на zazu.mk или добил право на користење на овие содржини од носителите на авторските права на истите. Изи Комерц има заштитено трговска марка ZAZU (во изглед) и ZAZU брендот како авторско дело .Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин менување на оваа веб-страница без валидна претходно добиена писмена согласност од Изи Комерц е строго забрането и во спротивно може да доведе до кривично и прекршочно гонење на физичките и/или правните лица кои ги повредиле авторските права и правата од индустриска сопственост на Изи Комерц.

Заштита на лични податоци

Сите лични податоци споделени со Изи Комерц се користат во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Изи Комерц ги користи вашите лични податоци исклучиво за сопствени потребите: извршување на услугите за продажба и достава на производи на своите корисници, како и за потребите на нашите анализи со цел да ги подобриме нашите понуди и услуги. 

Изи Комерц не ги објавува нити пак споделува овие податоци со трети страни, освен ако тоа не е неопходно за извршување на нашите услугите или пак не е пропишано со закон. Ова вклучува споделување на вашето име, презиме и адреса со компанија која врши услуги на брза пошта и ги извршува доставите на производите порачани од zazu.mk или пак со продажните места од каде може да ги подигнете пакетите со порачаните производи. Склучениот договор помеѓу Изи Комерц и овие компании ги обврзува договорните страни да ја чуваат приватноста на споделените информации. 

Со избирање на одреден начин на достава вие се согласувате дека вашите информации може да бидат споделени со соодветни партнери со цел да се овозможи извршување на доставата или подигањето на пакетот/пакетите со нарачаните производи од однапред договореното место. 

Поделување на вашите лични податоци може исто така да се направи во случаи кога Изи Комерц има законска обврска тоа да го стори, или пак за да ги искористи своите права и/или да ги заштити своите интереси. 

Изи Комерц, ДОО , увоз извоз Скопје ги почитува сите стандарди за чување и бришење на лични податоци согласно позитивните прописи на Република Северна Македонија.

Содржина на сајтот:

Секој производ кој се продава на zazu.mk има свое име, опис и релевантна фотографија или фотографии.Каде што сметаме дека е соодветно , додадовме и видеа кои го прикажуваат подобро начинот на користење на тој производ. 

Фотографиите, видеата и описите на сите производи кои се продаваат преку zazu.mk се превземени од производителите на истите. Изи Комерц не може да гарантира дека секој детал, боја и други карактеристики се идентични помеѓу фотографиите и производите. Истотака, иако веродостојно ги преведовме оригиналните описи од производителите, не можеме да гарантираме за нивната точност бидејќи истите не се напишани од наша страна.

Коментари и рецензии за производите на zazu.mk може да оставаат исклучиво корисници кои го купиле тој производ од нашата електронска продавница. Изи Комерц го задржува правото да биде модератор на делот за коментари и да не дозволи објавување на коментари кои користат непристојни фрази, навреди или пак не се однесуваат на производот за кој се наменети. Доколку коментарите за одреден производ се негативни поради негативното корисничко искуство со нив, но тие се коректно напишани, истите ќе бидат објавени на сајтот во соодветниот дел.

Цените на сите производи на сајтот zazu.mk се објавени во целост и го вклучуваат Данокот за додадена вредност (ДДВ).

Купување

За да купувате од zazu.mk мора да бидете регистриран корисник. При првото купување мора да се регистрирате и да ги споделите вашите основни податоци: име, презиме, адреса, е-пошта и телефонски број. При секое следно купување, вие се најавувате со вашиот кориснички профил.

Со користењето на zazu.mk се согласувате дека Изи Комерц може да ве контактира преку наведената е-пошта адреса или телефонски број доколку тоа е потребно да се изврши продажната услуга. Исто така, се согласувате дека Изи Комерц може да Ве контактира за да го побара вашето мислење и рецензија за купените производи како и повремено со анкети за вашето корисничко искуство со цел да се подобри истото. 

Изи Комерц не смее да ве контактира со маркетинг или други цели кои не се наведени погоре, освен ако за тоа не сте дале експлицитна согласност и сте се претплатиле на нашиот електронскиот информатор. 

Купувањето се врши со додавање на саканите производи во кошничката, внесување на потребните информации за достава/подигнување на производите или промена на претходно доставените податоци, потврдување на нарачката, и електронско плаќање. 

Плаќање

При плаќањето цената на секој производ се прикажува како основна цена + ДДВ. Вкупната цена може исто така да вклучува цена на достава од 79 ден доколку вкупниот промет е помал од 1500 денари. Вкупната цена може исто така да вклучува цена за подигнување на производот од 49 ден доколку вкупниот промет е помал од 500 денари. 

Доколку имате ваучери, подарок-картички или други кодови за попуст, истите можете да ги внесете во соодветното поле на страната за наплата и истите ќе се одземат од вкупната цена пред да се изврши плаќањето.

Плаќањето за производите се врши исклучиво онлајн пред завршување на нарачката. Електронската продавница zazu.mk е опремена безбедносен сертификат со кој размената на информации помеѓу корисниците и продавницата е енкриптирана и заштитена.

По потврдувањето на вашата нарачка, ќе бидете автоматски префрлени на електронскиот портал на Халкбанк А.Д. Скопје каде што вашето плаќање ќе биде обработено од страна на овластен сертифициран субјект. Изи Комерц нема пристап до никакви информации во врска со вашата платежна картичка и само добива информации од платниот терминал дека трансакцијата е успешно или неуспешно завршена.

По успешното завршување на трансакцијата, ќе добиете е-пошта со потврда на вашата нарачка како и со електронска сметка (фактура) која служи како доказ за извршеното плаќање.

Достава

Доставата вообичаено се врши во рок од 1-3 работни дена во повеќето населени места во државата. Во селата кои се оддалечени повеќе од 10 км од градско подрачје, доставата може да трае и до 4 дена. Во Дебар, Маврово и Ростуше, доставата се врши само два дена во неделата (секој понеделник и четврток) , додека во Крушево, Кривогаштани и Македонски Брод, доставата се врши еднаш неделно (секој петок).

Доставата се врши во период од 9 до 17 часот. Ве молиме осигурете дека некој е присутен на адресата на доставата во тој период за да ја прими пратката. Вообичаено брзата пошта ќе ве контактира на телефонскиот број ставен при порачката , за да потврди дека сте присутни на адресата пред да ја изврши доставата. Доколку првиот обид за достава не е успешен тие ќе се обидат да направат испорака по втор пат. Доколку и вториот пат не е успешна доставата, пратката ќе ни биде вратена на нас и ние потоа ќе стапиме во контакт со вас за да ги договориме следни чекори. Одговорноста за плаќање на сите идни достави ќе биде на ваш товар доколку во првите два обиди не сте биле достапни за прием на пратката, или пак телефонски сте потврдиле присутност за превземање, а сепак не сте ја превзеле.

Изи Комерц исто така не е одговорен за погрешно внесени информации од ваша страна , кои може да го оддолжат или оневозможат извршувањето на услугата достава на купените производи во предвидениот рок. 

Враќање или замена на производи

Со желба да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство, Изи Комерц ви овозможува враќање или замена на веќе купените производи, но оваа услуга подлежи на следните правила и услови:

- доколку заменувате или враќате производ поради погрешен број, модел и слично, оригиналниот производот кој го враќате или заменувате мора да биде неоштетен и да ги содржи сите оригинални етикети и пакувања;

-доколку барате замена на производ поради оштетување при достава, мора да доставите во прилог фотографии од оштетениот пакет пред негово отворање. Во пракса ве советуваме да не превземате пратки кои се видно надворешно оштетени при доставата и веднаш да не известите за тоа;

-доколку заменувате или враќате производ кој не работи веднаш по отворањето или при првиот обид за користење, производот мора да биде неоштетен и да ги содржи сите оригинални пакувања. Пред враќањето уверете се дека причината зошто производот не работи не е поради немање батерии.

Изи Комерц го задржува правото да не одобри замена или враќање на производот доколку горе-наведените критериуми не се исполнети.

Трошоците за замената/враќањето на производите паѓаат на ваша сметка, освен ако производите кои ви биле доставени се со погрешен број или модел од оној кој сте го порачале, биле оштетени при достава или пак не работат при обид за прво користење. 

Доколку сакате да замените/вратите производ, а тој производ ги исполнува горе-наведените критериуми и со тоа неговото враќање е одобрено, ќе ви биде издаден ваучер во иста вредност како цената на производот, кој може да го искористите за идно купување преку zazu.mk во рок од 12 месеци.

Податоци за сопственост: 

Изи Комерц, ДОО увоз-извоз Скопје.

Адреса: Димче Мирчев 20/1-13, Скопје

Е-пошта: www.zazu.mk@gmail.com