about-us

Ние сме група родители, љубители на иновацијата и технологијата. Ја креиравме електронската продавница Зазу бидејќи веруваме дека квалитетните производи треба да бидат достапни на секое дете од Македонија. Затоа работиме макотрпно да го надградиме и прошириме асортиманот на нашите производи за да ги задоволиме потребите и вкусовите на секоја фамилија без разлика на нивниот буџет и куповна моќ. Во исто време ја надградивме продавницата со услугите во Организаторот на настани кои ви овозможуваат поголема достапност на нашите брендови преку групно дарување. Зазу не е осмислена само како продавница за детски производи туку и како заедница каде родителите, роднините и пријателите можат да споделуваат искуства и да учат едни од други за да го пронајдат и купат најдоброто за своите деца. Затоа ги охрабруваме и наградуваме вашите рецензии (позитивните и негативните!) на купените производи преку Зазу Клубот на корисници. 

Со продавницата Зазу ви нудиме верен и сигурен партнер за сите производни потреби на вашите деца. Членовите на нашиот тим имаат работено во САД, Франција, Велика Британија, Шпанија, Македонија, Србија и Турција и од таму носат богато искуство и знаења од различни сфери. Една од нив е врвниот кориснички сервис кој го воведуваме во нашиот сајт со цел да ви го понудиме најдоброто можно корисничко искуство. Преку нашиот модерен веб сајт и апликација за детски настани и листи на желби со врвни перформанси, ботатиот асортиман од преку 1500 високо-квалитетни детски производи од етаблирани брендови, и нашата беспрекорна грижа за корисниците, ви овозможуваме лесно, едноставно и сигурно купување преку интернет. 

Не се двоумете да ни пишете со било какви прашања или грижи. Нашиот тим е спремен да ви одговори во најкраток можен рок. Исто така, ве покануваме да се поврзете со нас преку нашиот информатор и социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм и Твитер) за да бидете секогаш во тек со најновите производи, акции и други Зазу случувања. Во истовреме, многу ќе ни значи да чуеме што мислите за нашите производи како и кои нови производи би сакале да ги донесеме на нашиот сајт. 

Виртуелните врати на нашата е-продавница се отворени за вас 24/7. Ви посакуваме најтопло добредојде! 

Со љубов и почит, 
Тимот на Зазу