Во Зазу длабоко ја цениме вашата доверба и лојалност и сакаме истата соодветно да ја наградиме. Затоа создадовме програма за нашите верни корисници која ви нуди додатни погодности како благодарност за вашата континуирана доверба, купувањето во нашата е-продавница и користењето на нашиот организатор на настани.

Зазу клубот функционира многу едноставно:

  1. Собирајте поени преку прометот во нашата е-продавница.
    За секои купени 20 денари, добивате по 1 поен. Вашите поени може да ги користите во било кое време при што еквивалентната сума поени во денари (1 поен = 1 денар) ќе се одземе од вкупната цена на тековната нарачка.
  2. Соберете дополнителни поени со креирање настани преку нашиот организатор на настани.
    1 роденден = 300 поени
    1 повојница = 600 поени
    1 друг настан = 250 поени

За корисниците кои активно придонесуваат кон Зазу заедницата со оставање на конструктивни рецензии (позитивни и негативни!) и со тоа им помагаат на другите корисници при изборот на производи за своите деца, ќе имаме повремени награди и други изненадувања. Затоа ве охрабруваме да оставите рецензија по користењето на секој купен производ (само корисниците кои купиле одреден производ од нашиот сајт можат да остават рецензија за истиот).


Ви благодариме на вниманието. Среќно купување со Зазу!