ПРОМОТИВНА ПОНУДА:

(Оваа понуда е независна од акцијата на Grouper. Доколку сте купиле купон преку Grouper, ќе ги добивате наградните поени наведени во акцијата, но не може да ја искористите и оваа понуда за истиот настан.)

Направете и споделете ЗАЗУ е-покана и добијте награда:

ЗАЗУ вредносен ваучер или придонес кон трошоците за игротека* во вредност од:

  • 4500 ден за прослави со вкупна вредност на купени подароци од 24,000 + ден

  • 3000 ден за прослави со вкупна вредност на купени подароци од 18,000 – 24,000 ден

  • 2000 ден за прослави со вкупна вредност на купени подароци од 12,000 – 18,000 ден

  • 1000 ден за прослави со вкупна вредност на купени подароци од 6,000-12,000 ден

Со купување од Вашата листа на желби, Вашите гости исто така добиваат наградни поени кои можат да ги искористат во било кое време. Понудата важи за сите родендени до Декември, 2019 година. За да ја искористите понудата направете резервација на contact@zazu.mk со следните информации: ваше име, презиме, е-маил адреса, контакт телефон и датум на роденденот.

*Придонес кон трошоците за игротека важи само за нашите партнер-игротеки

***

Организирајте детска прослава со ЗАЗУ настани!

ЗАЗУ настани Ви овозможува бесплатно креирање на е-покани за било која детска прослава. Поканата вклучува интегрирана листа на желби за подароци по Ваш избор од која Вашите гости можат директно да купат подарок/подароци брзо и лесно со помалку од 3 клика! Гостите можат да купат подароци во целост или пак да придонесат кон поголем или повреден подарок!

Зошто е ЗАЗУ најдоброто решение за секоја детска прослава?

  • Поканите се креираат и споделуваат брзо, лесно и бесплатно

  • Сите подароци се купени од ваша листа на желби, која ја составувате од богатиот асортиман на ЗАЗУ од преку 2000 производи од реномирани брендови и врвен квалитет

  • Сите гости може да учествуваат без разлика на нивниот планиран буџет за подарок (можат да купат цел производ или да придонесат средства кон еден или повеќе производи од вашата листа на желби)

  • Поскапите производи се подостапни благодарение на можноста за групно дарување (повеќе гости можат да купат заеднички подарок)

  • Групното дарување е олеснето бидејќи нема потреба од меѓусебна координација помеѓу гостите. Секој придонесува средства кон подарок од листата на желби без да мора да се договара со други гости

  • Нема ризик дека повеќе гости ќе купат ист подарок (листата на желби се ажурира по секој купен подарок и тоа е видливо на секој гостин)

  • Ризик од загуба на средствата не постои. Доколку некој подарок не е во целост купен од гостите во моментот на затварање на листата на желби, родителите/организаторот на настанот ќе одлучат како и кон кој производ/и да ги наменат веќе придонесените средства. Доколку сакаат, тие можат да ги придонесат останатите средства за да се купи во целост и тој производ

  • Сите гости штедат на време и пари со купување онлајн директно од листата на желби

  • Доставата се врши еднократно во голема украсна вреќа ЗАЗУ. Со тоа придонесуваме кон намалувањето на загадувањето, смалување на употребата на хартија за завиткување, итн.

Како работи ЗАЗУ настани?

Вие:

  1. Регистрирајте се на Зазу настани
  2. Пристапете кон дизајнирање на уникатна е-покана со фотографија и декорации по Ваш избор
  3. Внесете ги податоците за времето и местото на настанот
  4. Составете листа на желби за подароци од асортиманот од преку 2000 производи на www.zazu.mk
    (организаторот Ви дава предлози на база на возраста и полот на детето, но може и да пребарувате во пребарувачот)
  5. Споделете ги обете со сите гости кои би сакале да присуствуваат на настанот пркеу е-маил или социјалните мрежи

Вашите гости:

  1. Се регистрираат или се најавуваат (ако се веќе регистрирани) на ЗАЗУ настани веб страницата
  2. Кликнуваат на добиената покана за да потврдат дали ќе присуствуваат на прославата
  3. Пристапуваат кон листата на желби за да ги прегледаат избраните производи и да одлучат што би сакале да подарат
  4. Купуваат конкретен производ/и или пак придонесуваат кон поголем/поскап производ заедно со други гости без потреба од меѓусебна координација
  5. Сите регистрирани корисници поканети на прославата добиваат потсетување 1 ден пред затворање на листата на желби да купат подарок од листата на желби доколку не го сториле тоа.

Наши предлози за настани кои може да ги организирате со нас:

Роденден
Роденден

Креирајте покана за роденденот на вашето најмило и споделете листа на желби за роденденски подароци!

бејби-шауер
Бејби шауер

Организирајте (изненадување) забава за претстојната мајка и купувајте од листа на желби со корисни производи за неа и нејзиниот сопруг во исчекување на новото бебе!

повојница
Повојница

Споделете ги новостите за раѓањето на вашето бебе, поканете ги гостите на повојница и споделете листа на желби со сè што сеуште ви треба како нови родители.

прослава
Групно дарување

Поканете пријатели да купат заеднички подарок со Вас за претстојна детска прослава на која сте сите поканети. Одлична можност за родители на дечиња од исто одделение/група.